Достапни линкови

Подршка од Романија за молдавските евроинтеграции


Претседателот на Романија Трајан Баисеску изјави дека Букурешт ја подржува Молдавија во потпишувањето на договорот со кој земјата би ја интензивирала соработката со Европската унија. Молдавија е подготвена за потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација на самитот на Унијата во Литванија. Договорот е прв чекор кон европско членство. Претходно, Баисеску во изјава за Радио Слободна Европа процени дека Молдавија ќе стане членка на Унијата за 10 до 12 години.
XS
SM
MD
LG