Достапни линкови

Опозицискиот блогер Навални се кандидираше за градоначалник на Москва


Московската изборна комисија официјално го регистрираше опозицискиот блогер Алексеј Навални како кандидат за градоначалник на рускиот главен град на локалните избори во септември. Претседателот на комисијата Валентин Горбунов ја потврди информацијата но Навални не се пијав и лично да ја подиугне потврдата, согласно прописите. Блогерот отпатува за Киров каде се чека пресудата по основ на обвинение за затајување на данок. Дури и ако е осуден, Навални има право да учествува во градоначалничката трка, додека се поднесуваат и разгледуваат жалби по судската одлука. Навални се товари за притајување на 510.000 американски долари од компанија за дрвопреработка во 2009 година.
XS
SM
MD
LG