Достапни линкови

logo-print

ОЕЦД: Невработеноста во Грција над 28 насто


Невработеноста во Грција ќе достигне над 28 проценти и покрај строгите економски мерки и неолибералните реформи, предупреди Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД. Според оваа организација, тоа ќе биде најголемиот раст на невработеноста, со кој Грција ќе дојде на првото место, кое во моментов го зазема Шпанија. Се очекува невработеноста меѓу младите во Грција да надмине 60 проценти, а таа исто така ќе биде највисока стапка меѓу земјите од ОЕЦД - во Шпанија таа изнесува 55 отсто, а во Италија и Португалија по 40 проценти.
XS
SM
MD
LG