Достапни линкови

Посетата на Обама на Москва под прашалник


американскиот претседател Барак Обама

американскиот претседател Барак Обама

Предвидената посета на американскиот претседател Барак Обама на Москва, како што јавува новинската агенција Асошитeд прес, била доведена под прашалник поради тоа што поранешниот сорботник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден побара азил во таа земја. Обама во септември ќе учествува на состанокот на Групата 20 во Санкт Петербург, а беше предвидено во Москва да има одвоени разговори со Владимир Путин. „Обама во септември е отпатува за Русија на самитот на Г20 и немаме други натамошни најави во врска со тоа патување“, изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Керни.
XS
SM
MD
LG