Достапни линкови

Во Грција и денеска штрајкови


Во Грција и денеска се штрајкува на повик на синдикатите, кои се противат на пакетот-закони за преструктуирање на државниот сектор. Со законите освен редуцирање на државниот сектор, се предвидуваат и нови даноци и други измени во замена за продолжување на меѓународното финансирање на земјата. За денеска попладне е планиран митинг во Атина, а вечер на плоштадот Синтагма во центарот на грчкиот главен град ќе се одржи протестен собир пред зградата на Парламентот за време на гласањето по пакетот закони. Штрајкови се очекуваат и утре кога во Грција пристигнува германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
XS
SM
MD
LG