Достапни линкови

Голема нафтена дамка крај брегот на Северен Кипар


Сто тона нафта се излеале во морето крај брегот на северниот дел на Кипар од танкер на приватната компанија АКСА. Претставник на севернокипарските власти изјави дека тоа е најголемата еколошка катастрофа крај островот и дека без разлика какви сили ќе се мобилизираат, 20 насто од нафтата никогаш нема да може да се собере од морето. Според информации на локалните власти, нафтената дамка се раширила на површина од пет километри во морето.
XS
SM
MD
LG