Достапни линкови

Конфликтите во Сирија и во Ирак се спојуваат


Пратеникот на Обединетите нации за Ирак Мартин Коблер

Пратеникот на Обединетите нации за Ирак Мартин Коблер

Пратеникот на Обединетите нации за Ирак Мартин Коблер кој е на заминување од таа функција изјави дека растечкото насилство во Ирак е поврзано со конфликтот во соседната Сирија. Според него, двете боишта се повеќе се спојуваат. Коблер на седницата на Советот за безбедност додаде дека ирачки вооружени групи стануваат се поактивни во Сирија. Тој оцени дека изминативе четири месеци во Ирак биле најкрвави во последните пет години, при што загинале скоро 3 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG