Достапни линкови

Еврокомесарот Филе во посета на Србија


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска ја почнува дводневната посета на Белград, каде што со претставници на Србија ќе разговара за нејзините идни чекори во процесот на евроинтеграции. Делегацијата на ЕУ во Белград соопшти дека Филе доаѓа за да и посака добредојде на земјата која влегува во нова, решавачка фаза во односите со Унијата, откако Европскиот совет на 28 јуни реши да отвори пристапни преговори со Србија.
Во српската делегација која ќе се сретне со Филе се премиерот Ивица Дачиќ, вицепремиерот Александар Вучиќ и други членови на владата.
Премиерот на Србија изјави дека ќе ги почне разговорите со Филе за преговарачката рамка и оти ЕУ веќе одредила 18 области во кои ќе изврши аналитички преглед на состојбата (скрининг).
XS
SM
MD
LG