Достапни линкови

САД го повикаа Сноуден да се врати и да се соочи со обвинението


Белата Куќа го повтори својот повик до Москва да го протера пребеганиот поранешен соработник на американската разузнавачка служба Едвард Сноуден, откако тој побара привремен азил во Русија. Портпаролот Џеј Карни изјави дека Сноуден не е активист за човекови права или дисидент за да бара заштита од политички прогон. Карни рече дека Сноуден треба да се врати во САД за да се соочи со обвинувањата за крадење на владина сопственост и протекување на доверливи информации.
Руската федерална служба за миграции соопшти дека барањето за азил, што вчера го поднесе Сноуден, ќе биде разгледано во наредните три месеци.
XS
SM
MD
LG