Достапни линкови

Кери на средба со министри на Арапската лига


Американскиот државен секретар Џон Кери ја продолжува својата блискоисточна турнеја. Денеска во Аман, Јордан, тој ќе се сретне со министрите за надворешни работи на Арапската лига, а разговорите се очекува да бидат фокусирани врз арапско-израелскиот мировен план, предложен од Саудиска Арабија и јорданскиот крал Абдула. Ќе стане збор и за ситуацијата во Египет, како и за граѓанската војна во Сирија.
Вчера Кери во Аман се сретна со шефот на јорданската дипломатија Насер Јудех и со палестинскиот лидер Махмуд Абас.
Ова е шесто патување на државниот секретар на САД во регионот.
XS
SM
MD
LG