Достапни линкови

Авганистанец ги отфрли обвиненијата за убиства на цивили


Еден авганистански преведувач за американските специјални сили, кој беше уапсен од авганистанските власти за убиство и мачење на цивили, ги отфрли обвиненијата против него. Авганистанските власти го приведоа Закериа Кандахари пред 6 недели под обвинение дека е вмешан во злосторства против цивили во областа Нерк во провинцијата Вардак, стратегиски важен регион западно од главниот град Кабул.
Според извештајот на авганистанските истражни органи, Кандахари тврди дека секогаш постапувал според наредбите од американските војници со кои работел. Тој исто така поврзал тројца американски командоси со убиствата на цивили во провинцијата Вардак во февруари годинава.
XS
SM
MD
LG