Достапни линкови

Времето денеска сончево со малку облаци


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен северен ветер кој во Повардарието повремено ќе се засилува.

Утринската температура се движи од осум до 19, а дневната ќе биде од 25 до 32 степена.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

До крајот на работната недела времето ќе биде стабилно и суво, само кон крајот на денот в петок и за време на викендот ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8.
XS
SM
MD
LG