Достапни линкови

Лустраторот Дамјановски добивал телефонски закани


Членот на Комисијата за верификација на фактите Чедомир Дамјановски добивал телефонски закани од непознати лица кои ги пријавил во полиција а на седниците на Комисијата, поради критичкиот тон, на истиот начин кон него се однесувал и претседателот на комисијата Томислав Аџиев. Дамјановски вели дека е загрижен за личната безбедност, додавајки дека нема да отстапи од своите позиции и ќе продолжи да ги брани Уставот и законите. Лустраторот смета дека мнозинството негови колеги со своите одлуки го разнебитуваат националниот код.

„Сето тоа се измислици, тој човек само фрла со дрва и камења, ништо нема сработено за 4 и пол години“ реагира претседателот на Комисијата Томе Аџиев во изјава за медиумите.
XS
SM
MD
LG