Достапни линкови

logo-print

Полицијата уапси 400 демонстранти во Египет


Безбедносните сили уапсиле 400 лица вчеравечер кои наводно ги предизвикале немирите во Египет, во кои загинаа седуммина а повеќе од 200 лица се повредени. Подржувачите на отстранетиот претседател Мухамед Морси протестираат против војската која го суспендираше уставот во земјата. Инцидентите се случуваат додека се чека формирањето на нов владин состав. Лојалистите на екс-лидерот Морси и денеска продолжуваат со протестите во делови на Каиро. Во Египет престојува американскиот заменик државен секретар Вилијам Барнс кој порача дека е најважно да запре насилството за да стартува дијалог кој ќе биде поддржан од сите политички сили во земјата.
XS
SM
MD
LG