Достапни линкови

Приближно 40 проценти од населението во Босна и Херцеговина се емигранти


Moldova - UNDP logo, 2009

Moldova - UNDP logo, 2009

Босна и Херцеговина е земја со околу 1,5 милиони емигранти, кои претставуваат 38,9 отсто од вкупната популација, а тие големи човечки и финансиски ресурси претставуваат значителен потенцијал за развојот на земјата, кој не е искористен, соопшти швајцарската Амбасада во Сараево по повод потпишувањето на проектот во областа на миграцијата и развојот. Амбасадата на Швајцарија и Програмата за развој на Обединетите нации го потпишаа договорoт за реализација на проектот во областа на миграцијата и развојот, со цел да се зајакнат врските и да се олесни придонесот на дијаспората на Босна и Херцеговина во развојот на земјата во областите на стопанството, науката, образованието и културата.
XS
SM
MD
LG