Достапни линкови

Најави за вработувања во новиот грчки државен медиум


Грчката Влада деновиве ќе објави оглас за вработување на две илјади лица во новиот јавен радиодифузен сервис кој ќе го замени ЕРТ, јави дописникот на МИА од Атина. Заменик-министерот за култура Пантелис Капсис, кој е задолжен за формирање на новиот јавен РТВ сервис, изјави дека Владата веднаш ќе вработи 500 лица. Тој информира дека уште 1.500 ќе бидат ангажирани откако персоналот ќе го напушти седиштето на ЕРТ, од каде се уште емитува телевизиски програми он-лајн во знак на протест поради одлуката на Владата да ја го затврои државниот медиум.
XS
SM
MD
LG