Достапни линкови

logo-print

Кај Табановце убиен еден мигрант, тројца други ранети


Во близината на граничиот премин кај Табановце бил убиен еден мигрант, додека тројца други биле ранети, соопштија од кумановската полиција. Станува збор за мигранти, најверојатно од Авганистан, кои сакале нелегално да ја преминат границата и од Македонија да влезат во Србија. Притоа, како што се наведува тие биле пресретнати од група лица кои пукале врз нив. Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
XS
SM
MD
LG