Достапни линкови

logo-print

Железничкиот сообраќај кон Грција во прекин до полноќ


Железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција денеска е во прекин поради штрајкот на вработените во грчкиот јавен превоз. Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајот ќе биде во прекин до 24 часот. Во Грција денеска се одржува генерален штрајк пред утрешното гласање во Парламентот по пакетот-закони за ревизија на државниот сектор, што е услов за продолжување на финансиската помош од меѓународните кредитори. Кон денешниот штрајк се приклучиле и вработените во железницата, во атинскиот приградски железнички сообраќај и делумно во метро превозот.
XS
SM
MD
LG