Достапни линкови

Во судирите во Каиро најмалку седуммина загинати


Најмалку седум лица биле убиени, а над 260 повредени во синоќешните судири на приврзаниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси со силите за безбедност во Каиро. До овие судири дојде додека се очекува објавувањето на составот на новата влада. Во Египет престојува американскиот заменик државен секретар Вилијам Барнс кој порача дека е најважно да запре насилството за да стартува дијалог кој ќе биде поддржан од сите политички сили во земјата.
XS
SM
MD
LG