Достапни линкови

Началникот на ГШ на АРМ Котески во посета на Вермонт


Началник на генералштабот на АРМ, генерал Горанчо Котески.

Началник на генералштабот на АРМ, генерал Горанчо Котески.

Во рамките на повеќедневната посета на САД и Вермонт, началникот на Генерал штабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, синоќа се сретна со неговиот домаќин командантот на Националната гарда на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј, а имаше разговори и со штабот на Националната гарда. Како што соопшти канцеларијата на ГШ на АРМ, за време на средбата Котески и Креј го искажале заедничкото задоволство од досегашната соработка, особено во делот на обуката и реализираните вежби, како и од заедничкото распоредување во мисијата ИСАФ во Авганистан.
XS
SM
MD
LG