Достапни линкови

Руската воена вежба не е против ниедна држава


Владимир Путин ја следи руската воена вежба над островот Сахалин на Тихиот Океан

Владимир Путин ја следи руската воена вежба над островот Сахалин на Тихиот Океан

Заменик министерот за одбрана на Русија Анатолиј Андонов изјави дека најголемата руска воена вежба од распаѓањето на Советскиот сојуз што започна пред неколку дена, не е насочена против ниту една држава. На вежбата која се одржува во крајните источни делови на Русија учествуваат 160 илјади војници, илјада тенкови и бомбардери и 70 воени бродови. Претседателот на Русија Владимир Путин денеска следел делови од вежбата над островот Сахалин на Тихиот Океан.
XS
SM
MD
LG