Достапни линкови

Откриена нова месечина на Нептун


Тритон, една од месечините на Нептун

Тритон, една од месечините на Нептун

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека открила уште една месечина која кружи околу Нептун. Станува збор за четиринаесетата месечина на оваа планета. Астрономот Марк Шоултер изјави дека ја открил месечината при следењето на една бела точка која се повторувала на 150 слики земени од вселенскиот телескоп Хабл од 2004 до 2009 година. Тоа е најмалата месечина во Сончевиот систем со дијаметар од 19 километри. Се верува дека таа го обиколува Нептун за 23 часа. Најголемата планета во нашиот систем Јупитер има 67 месечини.
XS
SM
MD
LG