Достапни линкови

logo-print

Во Грција генерален штрајк


Во Грција денеска се одржува генерален штрајк, пред утрешното гласање во Парламентот за пакетот-закони за ревизија на државниот сектор, што е услов за продолжување на финансиската помош од меѓународните кредитори. Вчера општинските службеници ја прекинаа работата на три дена. Кон денешниот штрајк ќе се приклучат и вработени во железницата, како и во атинскиот приградски железнички сообраќај и делумно во метро превозот. До утре ќе бидат затворени канцелариите на градоначалниците, а во најголемите градови ќе бидат одржани демонстрации, кои ги организираат водечките синдикати во државниот и приватниот сектор.
XS
SM
MD
LG