Достапни линкови

Шпанија и се извини на Боливија за инцидентот со Моралес


Авонот на Морале приземјне во Австрија.

Авонот на Морале приземјне во Австрија.

Шпанија и се извини на Боливија затоа што неодамна му забрани на боливискиот претседател Ево Моралес да го помине шпанскиот воздушен простор. Шпанија и уште некои европски земји на почетокот на овој месец му забранија на Моралес со својот авион да прелета преку нивна територија, сомневајќи се дека во авионот се наоѓа американскиот разузнавач во бегство Едвард Сноуден. Сноуден, кој се бара од страна на американските власти, сепак не беше на авион на Моралес. Денеска амбасадорот на Шпанија во Боливија, Ангел Васкез, врачи официјално извинување и изјави жалење за настанот. Боливија се придружи на Венецуела и Никарагва во понудата на азил на Сноуден, кој се уште се наоѓа во транзитната зона на аеродромот Шеремјетјево во Москва.
XS
SM
MD
LG