Достапни линкови

Кери по шести пат на Блискиот Исток


Американскиот државен секретар Џон Кери.

Американскиот државен секретар Џон Кери.

Американскиот државен секретар Џон Кери повторно ќе патува на Блискиот Исток, шести пат откако ја презеде функцијата во февруари годинава. Денеска во Јордан тој треба да разговара со претставници на власта, како и со претставници на Арапската лига. Се очекува да се разговара за кризата во Египет, за граѓанската војна во Сирија и за блокираниот израелско-палестински мировен процес. Стејт департментот не соопшти дали Кери ќе се сретне со израелски и палестински претставници, но некои медиуми, повикувајќи се на палестински извори, објавија дека тој во Јордан веројатно ќе има средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Кери и минатиот месец разговараше со израелски и палестински претставници, но не беше постигнат договор за продолжување на мировните преговори кои се во застој неколку години.
XS
SM
MD
LG