Достапни линкови

Намалени прогнозите за економски раст во Азија


Азиската банка за развој ги намали своите прогнози за економски раст за Азиско-пацифичкиот регион, поради побавниот раст во Кина и малата побарувачка за увоз од развиените економии. Банката со седиште во Манила соопшти дека според сегашните проценки бруто домашниот производ на регионот треба да забележи раст од 6,3 отсто во 2013 година, што е намалување од претходните прогнози во април, кога се прогнозираше раст од од 6,6 отсто. Банката ја намали својата прогноза за растот во Централна Азија на 5,3 отсто од претходните 5,5 отсто. Намалена е и прогнозата за Јужна Азија на 5,6 отсто од претходните 5,7. За Кина, пак, Банката предвидува раст од 7,7 проценти во 2013 година, што е намалување од претходната прогноза од 7,8 проценти.
XS
SM
MD
LG