Достапни линкови

logo-print

Американските борбени авиони повторно летаат


Борбени авиони на американските воздухопловните сили, кои беа приземјени претходно оваа година поради буџетски проблеми, почнаа повторно да летаат. Мајк Хостиџ, генерал на воздухопловните сили, изјави дека имало „стрмоглав пад“ во борбената готовност, поради приземјувањето на авионите, иако пилотите имале континуирана обука на симулатори. Летовите беа во прекин од април. Авионите повторно се активираа откако Конгресот му одобри на Министерството за одбрана да префрли 7,5 милијарди долари од други понеприоритетни проекти на овој.
XS
SM
MD
LG