Достапни линкови

logo-print

Нема проширување на санкциите на ОН кон Иран


Русија, поддржана од Кина, одби да го одобри извештајот за Иран според кој иранските ракетни тестови пред една година ги прекршиле санкциите на ОН, соопштуваат дипломатски извори. Засега Советот за безбедност на ОН го отфрла секое проширување на санкциите против Иран. Австралискиот амбасадор во ОН, Гери Квинлин, кој претседава со Комитетот за следење на санкции врз Иран, изјави дека Советот за безбедност, исто така, одби да го поддржи заклучокот на комисијата дека Иран најверојатно ги прекршил санкциите со тоа што извезувал оружје за бунтовниците во Јемен. Заменик-амбасадорот на Русија во ОН, Пјотр Иличов рече дека Русија се противи на дополнителни санкции и не гледа алтернатива на дипломатско решавање на ќор-сокакот околу нуклеарната и ракетна програма на Иран. Иран ги негира обвинувањата дека се обидува да произведе нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG