Достапни линкови

Путин ги обвини САД што Сноуден е заглавен на Шереметјево


Едвард Сноуден.

Едвард Сноуден.

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини САД за тоа што поранешниот соработник на американската Национална агенција за безбедност Едвард Сноуден е заглавен во транзит делот на московскиот аеродром Шереметјево. САД имаат распишано потерница по Сноуден за шпионажа. Путин рече дека Американецот е заглавен на аеродромот поради тоа што Вашингтон врши притисок врз другите држави да не го примаат на нивна територија. Сноуден рече дека ќе побара азил во Русија, сè додека нема да може безбедно да отпатува во Јужна Америка, каде што три земји му понудија засолниште. Путин претходно изјави дека Русија може да му даде политички азил на Сноуден, само ако тој прекине со активностите штетни за САД. Едвард Сноуден обелодени дека САД ги следат телефонските и интернет комуникации во целиот свет. Веќе три недели тој се наоѓа во транзит делот на аеродромот Шереметјево.
XS
SM
MD
LG