Достапни линкови

Протести и контрапротести во Бугарија


Бугарија- Демонстрантите носат постери со ликот на Делјан Пеевски.

Бугарија- Демонстрантите носат постери со ликот на Делјан Пеевски.

Стотици демонстранти и синоќа протестираа пред зградата на Министерскиот совет во Софија. Веќе 32 дена по ред има протести против Кабинетот на бугарскиот премиер Пламен Орешарски, јавија бугарските медиуми.

Протестите почнаа на 14 јуни по изборот на Делјан Пеевски за директор на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС), чие именување подоцна беше поништено од Собранието, по што прераснаа во собири со барање за оставка на Владата.

Освен протести синоќа имаше и контра протести за поддршка на Владата. Организаторите на овие протести соопштија дека досега собрале 165 илјади потписи за поддршка на Кабинетот на Орешарски и одново го обвинија бугарскиот претседател Росен Плевнелиев дека „создава поделби меѓу луѓето“.
XS
SM
MD
LG