Достапни линкови

Косово годинава ќе добие своја армија


Членови на косовските безбедносни сили.

Членови на косовските безбедносни сили.

Трансформацијата на косовските безбедносни сили во војска на Косово е процес кој не може да запре и тој се движи во потребниот правец, изјави косовскиот министер за одбрана Агим Чеку. Тој вели дека не се откажува од трансформацијата на безбедносните сили и дека Косово годинава ќе добие своја војска. Според него, процесот треба да заврши до крајот на годинава, по што ќе бидат доставени препораки до косовската Влада и до партнерите на НАТО, за тоа што ќе биде потребно Косово да стане побезбедно и да биде во состојба да помогне во зачувувањето на мирот насекаде на светот.
XS
SM
MD
LG