Достапни линкови

logo-print

Претседателот на Словенија во посета на Македонија


Претседателот на Словенија Борут Пахор.

Претседателот на Словенија Борут Пахор.

Претседателот на Словенија Борут Пахор денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. Предвидено е попладнево Пахор да се сретне со својот домаќин, претседателот Ѓорге Иванов. Утре Пахот ќе ја посети хидроцентралата Света Петка и ќе положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци за Македонија. Пахор во Скопје ќе се сретне и со претставници на словенечки компании, како и со Словенците кои работат и живеат во Македонија, а ќе одржи и кратка презентација на Европското првенство во кошарка што од 4 до 22 септември ќе се одржи во Словенија.
XS
SM
MD
LG