Достапни линкови

logo-print

Велосипедистите го освојуваат Мариово


За да се развива велосипедизмот треба и државата да вложи напор, да одвои што повеќе средства, за уредување на терените, но и да изгради одредени објекти, каде што туристите, особено оние од странство ќе кампуваат и набавуваат основни прехранбени и хигиенски производи, велат велосипедистите.

Прилепчанката Мартина Чупетреска е стоматолог по професија и работи веќе две години. Во слободното време со своите пријатели таа сака да ги открива убавините на природата, но и тајните на велосипедизмот. Набавила опрема, која е релативно скапа, ако се има предвид македонскиот стандард, но уживањето, задоволството од овој спорт, вели таа, е незаменливо. Последниот период кратките велосипедски тури ги вози во мариовскиот предел, заедно со пријателите. Спортува, се забавува, живее здрав живот, ужива во чистата природа на живописното Мариово.
Се занимавам со маунтинбајк, поточно со возење велосипед од многу мала. Последните две години маунтинбајк, адреналински е фул, и многу е интересно, многу е забавно, потребна е кондиција –нормално, возење ако не секојдневно-редовно. Да се земе еден добар мауинтинбајк потребни се околу 500 евра, а опремата, зависи која, има ефтини, поскапи, релативно скап спорт за опрема.

„Се занимавам со маунтинбајк, поточно со возење велосипед од многу мала. Последните две години маунтинбајк, адреналински е фул, и многу е интересно, многу е забавно, потребна е кондиција –нормално, возење ако не секојдневно-редовно. Да се земе еден добар мауинтинбајк потребни се околу 500 евра, а опремата, зависи која, има ефтини, поскапи, релативно скап спорт за опрема,“ вели Чупетреска.
Мартина Чупетреска.

Мартина Чупетреска.


Велосипедските патеки на Мариово ги открива и скопјанецот Бранко Петровски. Тој е восхитен од убавините на терените и од доживувањата, опишувајќи ги авантурите, вели највозбудлив момент е кога ќе влезат со велосипедите и опремата во реката Црна.

„Маунтинбајкот е доста со јак адреналин, значи се вози офф роад, патики неасфалтни, би го оценил како авантуристички, на луѓе со авантуристички дух го препорачувам овој спорт, стазата може да биде и тешка, на некои предели поминуваме и реки, влегуваме цели во река, тоа е еден вид авантура, предизвик“, раскажува Петровски.
Една од причините зошто јас почнав да доаѓам во Мариово беше и за да им ги прикажам убавините на Мариово на што повеќе луѓе.Значи претежно сите сме од градски средини, не поминуваме многу време во природа, еве сега имаме можност да се дружиме и да го посетиме еден регион којшто ретко е посетуван и од туристи и од жители, ненаселен значи.

Дека и во Македонија се развива маунтинбајкот потврдуваат и велосипедисти од Скопје, кои неколку години по ред, организираат и пократки тури во околината на градот. Велат најубавото во овој спорт е дружењето, стекнувањето нови пријателства.

„Ние во Скопје локално се организираме на Китка, Караџица, одиме до Тетово, Шара, Шарски вод и уште некои. И многу убаво задоволство е прво запознавање на природата, ново дружење, сигурно тука со некои што не се познавам, ќе се гледаме во Скопје и повторно ќе се организираме за некоја нова тура, локално или некоја друга тура низ Македонија каде што не сме биле“, вели скопјанецот Ратко Риевски.

Здружението за унапредување на велосипедизмот во Македонија „Велоевропа“, клубот „Оксижен“ и други здруженија се почесто организираат велосипедски тури. Така велат се развива овој спорт како алтернативен туризам.

„Една од причините зошто јас почнав да доаѓам во Мариово беше и за да им ги прикажам убавините на Мариово на што повеќе луѓе.Значи претежно сите сме од градски средини, не поминуваме многу време во природа, еве сега имаме можност да се дружиме и да го посетиме еден регион којшто ретко е посетуван и од туристи и од жители, ненаселен значи“, истакнува Слободан Трајковски од скопското здружение „Велоевропа“.

За да се развива овој алтернативен туризам, велат велосипедистите, треба и државата да вложи напор, да одвои што повеќе средства, за уредување на терените, но и да изгради одредени објекти, каде што туристите, особено оние од странство ќе кампуваат и набавуваат основни прехранбени и хигиенски производи.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG