Достапни линкови

Уапсен Паско Кузман во акцијата „Фаланга 2“


Директорот на Управата за заштита на културна наследство Паско Кузман е уапсен утрово и во моментот е во скопскиот Кривичен суд. Полицијата информира дека неговото апсење е дел од полициската акција „Фаланга 2“ во која претходно беа уапсени 19 лица, меѓу кои и инспектори во Управата за заштита на културното наследство како и вработени во Музејот на Македонија. Медиумите пренесуваат дека приведените се обвинуваат за незаконски ископувања на повеќе археолошки локалитети и продажба на артефакти во странство.
XS
SM
MD
LG