Достапни линкови

logo-print

Граѓаните за миг се порадуваа на веста дека каматите може да се намалат. Тие велат дека каматите се превисоки и дека нема семејство кое не е задолжено. Но познавачите велат дека од намалувањето на каматите, повеќе полза би имале фирмите, отколку граѓаните.

Намалувањето на основната каматна стапка од Народната банка не значи дека банките ќе ги намалат каматите на кредитите и депозитите, велат експертите. Народна банка соопшти дека во услови кога макроекономските показатели се движат во проектираните рамки, а дел од постојните ризици се ублажени има простор за дополнително монетарно олабавување. Од таму најавија дека очекуваат нивниот сигнал да го следат банките и да извршат корекција на каматните стапки. Граѓаните велат дека каматите се превисоки и дека нема семејство кое не е задолжено.
Високи се каматите, треба да се намалат, оти нема граѓанин што не е задолжен, сите се задолжени. Добро би било, затоа што немаме големи плати.

„Да се намалат каматите, друго решение нема, народот е задолжени, нема веќе каде да оди, без разлика дали е во работен однос или не е, дали е пензионер или не е.“

„Високи се каматите, треба да се намалат, оти нема граѓанин што не е задолжен, сите се задолжени. Треба да се намали едно 2-3 отсто, на пример ако било 8 да биде 6, тоа би било добро затоа што немаме големи плати, да имавме големи плати во ред би биле и сегашните камати.“

„Зависи колкави ти се примањата за да може да си дозволиш кредит. Ние пензионерите не би можеле, некој што има повисока плата може да си дозволи, но ние не.“
Намалувањето на каматите на кредитите може да влијае позитивно, но јас пред се гледам на бизнисот, бидејќи бизнисот е високо задолжен, а кај населението не може да има некое силно влијание затоа што веќе земените кредити се со утврдени каматни стапки.

„Нормало е да се подигаат кредити, проблемот кај нас е што ние не можеме да ги враќаме. Беспарица е и луѓето пробуваат некако да се снајдат.“


Поранешниот гувернер на НБРМ, Љубе Трпески вели дека секоја банка поединечно ќе одлучи дали ќе ги намали каматите и таквиот чекор би им бил повеќе во полза на фирмите, отколку на граѓаните.

„Намалувањето на каматите на кредитите може да влијае позитивно, но јас пред се гледам на бизнисот, бидејќи бизнисот е високо задолжен, а кај населението не може да има некое силно влијание затоа што веќе земените кредити се со утврдени каматни стапки и тешко дека има некоја можност да се променат тие договори, освен оние договори кои се со променлива каматна стапка.“

Основната каматна стапка е намалена за 0,25 процентни поени и сега е на ниво од 3,25 отсто. Според Народна банка со тоа монетарната политика му дава дополнителна поддршка на процесот на економско закрепнување.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG