Достапни линкови

Генерал Котески од денеска во официјална посета на САД


Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, од денесka до 19-ти јули ќе претстојува во официјална посета на Вооружените сили на САД и националната гарда на сојузната држава на Вермонт.
На средбите, генерал Котески ќе разговара за зајакнување на билатералната воена соработка со САД, зајакнување на стратегиското партнерство со Националната гарда на Вермонт, учеството на АРМ во меѓународните мисии и нејзиниот придонес во регионалната и глобалната стабилност, како една од клучните улоги за идното полноправно членство на Македонија во НАТО.
XS
SM
MD
LG