Достапни линкови

Протести и штрајкови во Грција


Во Грција од денеска до среда ќе се одржат протести и штрајкови, поради гласањто во Парламентот на пакетот закони кои предвидуваат ревизии во државниот сектор, нов даночен кодекс и други промени во замена за продолжување на финансирањето на земјата од меѓународните кредитори. Пакетот беше одобрен кон крајот на минатата недела од парламентарната Комисија за економски прашања. Протестите се очекува да кулминираат утре за кога е планиран 24 часовен штрајк на вработените во приватниот и државниот сектор. За утре е закажан и протестен митинг во центарот на Атина.
XS
SM
MD
LG