Достапни линкови

Вашингтон ќе го смирува Египет


Заменик државниот секретар Вилијем Барнс е прв американски претставник кој престојува во Египет откако војската го симна од власт демократски избраниот претседател Мохамед Морси во почетокот на јули. Барнс треба да се сретне со воените власти, но се уште не е јасно дали тоа ќе го стори и со претставници на Мулиманското братство.

Муслиманското братство поради соборувањето на претседателот Мохамед Морси кој војската го држи во непозната локација одби да и се приклучи на преодната влада и најави натамошни протести.

Стејт департментот соопшти дека Вилијем Барнс ќе изврши притисок за крај на насилствата и за транзиција која ќе води до демократски избрана граѓанска влада.
Вилијем Барнс, заменик државен секретар на САД.

Вилијем Барнс, заменик државен секретар на САД.


Повеќе од 90 луѓе, според извештаите, биле убиени откако Морси беше соборен од власт. Меѓу нив и пеесетина приврзаници на Мосри кои биле убиени од војниците во судирите во Каиро.

Администрацијата на претседателот Барак Обама се воздржа соборувањето на Мосри да го означи како државен удар.

Таквата оценка автоматски, според американските закони, значи и запирање на помошта што Вашингтон и ја дава на египетската војска. Таа изнесува над милијарда долари годишно.

Слободата на граѓаните за избор на нивниот лидер е нешто што не треба да биде ограничено со верата. Станува збор за тоа дали некој лидер е успешен или не.
Во телевизиското обраќање, шефот на египетската армија генерал Абдел Фатах Ал Сиси ја бранеше неговата одлука за соборување на претседателот Морси.

Тој го обвини за злоупотреба на неговиот мандат и за антагонизирање на државните институции со поддршка на минатогодишниот референдум за уставни промени кои на Морси му овозможуваа поголема моќ. Овие права му беа укинати по реакција на опозицијата.

„Разговаравме со поранешниот претседател во ноември и побаравме национален дијалог кој нема да биде раководен од нас. Бевме загрижени дека судирот меѓу политичките лидери ќе доведе до натамошна поделби на египетскиот народ.“

Генерал Ал Сиси ги отфрли обвинувањата дека отстранувањето на Мосри било мотивирано поради неговите врски со исламистите.
генерал Абдел Фатах Ал Сиси

генерал Абдел Фатах Ал Сиси


„Слободата на граѓаните за избор на нивниот лидер е нешто што не треба да биде ограничено со верата. Станува збор за тоа дали некој лидер е успешен или не.“

Вилијем Барнс е во Каиро во момент кога продолжуваат операциите против Муслиманското братство. Египетското јавно обвинителство вчера нареди заплена на имотот на 14 познати исламисти во земјата.

До овој чекор доаѓа откако обвинителите соопштија дека била во тек истрага за наводите против Мосри за шпионирање, за инцирање насилства и за руинирање на економијата.

Во меѓувреме, во тек се преговори за формирање нова преодна влада чиј мандатар е Хазем ел Беблави.

Поранешниот шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија, нобеловецот за мир Мухамад ел Барадеи вчера беше наименуван за привремен шеф на египетската дипломатија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG