Достапни линкови

Обама бара смирување на тензиите околу Зимерман


Американскиот претседател Барак Обама побара смирување на тензиите по одлуката на судот на Флорида да го ослободи Џорџ Зимерман кој во минатата година го уби 17 годишниот Трејвон Мартин. „Знам дека овој случај предизвика многу незадоволство и оти одлуката на судот може тоа незадоволство да го зголеми. Сепак, ова е правна држава, а поротата ја донесе својата одлука“, оцени Обама. Одлуката на судот наиде на остра осуда од невладините организации, а во земјата беа одржани повеќе демонстрации.
XS
SM
MD
LG