Достапни линкови

Солзавецот им го оштети видот на десетина фоторепортери во Турција


Вкупно 111 фоторепортери се ранети, приведени или нивните фотографии се уништени од страна на полицијата за време на протестите во Истанбул и Анкара во периодот од 31 мај до 8 јули, соопшти Асоцијацијата на фоторепортерите. Во извештајот на Асоцијацијата се наведува дека поголемиот дел од ранетите фоторепортери се повредени од солзавец и гумени куршуми, истрелани од полицијата. Голем број фоторепортери се жалеле дека нивните фотоапарати и камери биле искршени, а фотографиите и снимките им биле уништени. Најмалку десет фоторепортери имаат делумно оштетување на видот поради нападите со солзавец.
XS
SM
MD
LG