Достапни линкови

logo-print

Нетанјаху:Израел одблизу ја следи сириската војна


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека нема да дозволи „опасно оружје “ да стигне во рацете на либанската група Хизболах. Во интервју за американскаа телевизија Си Би Ес објасни дека тоа е причинита поради која израелската авијација неодамна нападна конвој со оружје во сирискиот регион Латакија.
Тој додаде дека Израел внимателно ја следи граѓанската војна во Сирија и дека не сака да заземе страна но нема да дозволи оружје кое што видно може да ја смени состојбата во регионот да стигне до погрешни раце. Станува збор за хемиско оружје и нов вид на ракети кои може да дојдат до рацете на Хизболах, група која се смета дека е главен сојузник на сирискиот претседател Башар Ал Асад.
XS
SM
MD
LG