Достапни линкови

Замрзнати сметки на 14 египетски функционери


Египетското обвинителство донесе одлука да се замрзат сите средства на 14 функционери кои што се дел од Муслиманското братство. Замрзнат е и имотот и финансиските сметки на лидерот на братството Мохамед Бадиу и неговиот заменик. Полицијата издала налог и за негово апсење додека египетскиот претседател Мухамед Морси е веќе во притвор. Одлуката на обвинителството да го замрзне имотот и финансиските сметки на високите функционери е дел од истрагата која се води против нив.
XS
SM
MD
LG