Достапни линкови

Редици за пријавување за земјоделски субвенции во Куманово


Архивска фотографија: Земјоделци чекаат да поднесат барање за субвенции пред Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Куманово.

Архивска фотографија: Земјоделци чекаат да поднесат барање за субвенции пред Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Куманово.

Кумановските земјоделци по најмалку двапати доаѓаат пред подрачното Министерство за земјоделство во Куманово, да се пријават за добивање земјоделски субвенции.

Земјоделците од кумановско и во овој период од годината се принудени најмалку двапати да доаѓаат пред подрачното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во Куманово, да се пријават за добивање земјоделски субвенции.
Влада, министерот нека одлучат, тој нека дојде. Треба да се даваат бројчиња кој како доаѓа, кој како дојде, влезе, излезе, пријатели, мобилни телефони работат, тоа е јасно. Ова нема во Европа. Сум бил таму, знам како е и да го однесам министерот да види како се чека на ред, а не само избори и ракоплескања.

Минатогодишните најави дека процедурата е поедноставена се чини дека сè уште недоволно за заштеда на времето на земјоделците. Тие велат дека губат време само поради неажурноста на вработените.

Во отсуство на раководителот на надлежното одделение, вработените велат дека не можат да даваат никакви изјави, но според нив, работите се одвиваат нормално.

Земјоделците, пак, кои со часови стојат во редица пред скалите на влезот изложени на сонце или дожд забележуваат:

„Ние чекаме нешто од Господ да ни падне. Не знаеме ништо.“
Сега има список од вчера и ми рекоа за денеска. Еднаш да се запишеш, втор ден да дојдеш, а не се знае дали и денеска ќе завршиме работа.

„Влада, министерот нека одлучат, тој нека дојде. Треба да се даваат бројчиња кој како доаѓа, кој како дојде, влезе, излезе, пријатели, мобилни телефони работат, тоа е јасно. Ова нема во Европа. Сум бил таму, знам како е и да го однесам министерот да види како се чека на ред, а не само избори и ракоплескања.“

„Трет ден ми е денеска како чекам. Три дена. Во понеделник ми рекоа да чекам, чекав до 13 часот, а потоа ми вели да си одам.“

„Вчера дојдов, за денеска ме запишаа и пак дојдов“, велат земјоделците.

Колку и да е сумата за земјоделците и тоа е подобро отколку ништо.

„Сега има список од вчера и ми рекоа за денеска. Еднаш да се запишеш, втор ден да дојдеш, а не се знае дали и денеска ќе завршиме работа.“

„Гужва, не работат. Едни документи да оставам чекам два часа. Не работи никој“, велат земјоделците.

Како и да е, и покрај тоа што им се потребни најмалку два дена за да бидат евидентирани во електронскиот систем за доделување субвенции за обработување на земјоделски површини, во однос на претходните состојби, факт е дека работата е позабрзана. Но, останува неодговорено прашањето зошто земјоделците мораат да ги оставаат своите земјоделски активности и тие два дена, кога, како што тие револтирано велат, полските работи не можат да чекаат.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG