Достапни линкови

Белгија последен противник на Македонија на ЕП – Б дивизија


Кошаркарките на Македонија денеска во рамки на последното коло од У-20 Европското првенство – Б дивизија во Албена ќе играат против селекцијата на Белгија. Денешниот противник заедно со првопласираната Чешка веќе изборија пласман во А дивизијата и е единствената селекција на овој шампионат без пораз. За нашата селекција останува борбата за четвртата победа. Почетокот на натпреварот е во 15 часот. Покрај дуелот Македонија – Белгија, двојките за другите натпревари се: Израел – Романија, Велика Британија – Португалија и Летонија – Бугарија.
XS
SM
MD
LG