Достапни линкови

logo-print

За „Генерал Мими“ разговарале Бренгелман и Јанкуловска


Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е поднесена кривична пријава проти скопската измамничка која им ветувала вработувања во НАТО на 12 граѓани со што нелегално заработила половина милион денари. Во медиумите позната под псевдоним „ Генерал Мими“ измамила најмалку 12 луѓе од скопската населба Аеродром на кои им се претставила како вработена во базата на Бондстил на силите на НАТО во Косово како координатор за логистика. На повеќе лица од Македонија им ветувала дека може да ги вработи во силите на НАТО како возачи, административни работници, месари, собарки, кафекуварки и во други служби, а на оштетените кои имаат фирми дека доколку аплицираат во НАТО ќе им среди да го добијат тендерот за снабдување на базата со прехрамбени артикли, хемиски средства за хигиена, пијалоци и други потребни артикли.
МВР укажува дека пријавената била тема на разговор при средбата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска со помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Дирк Бренгелман. На состанокот Бренгелман прашал дали Министерството за внатрешни работи располага со информации околу измамите на пријавената за кои што бил информиран од НАТО.
XS
SM
MD
LG