Достапни линкови

Бан Ки Мун ги осуди убиствата во Дарфур


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун ги осуди убиствата на седумтемина мировници во суданскиот регион Дарфур. Портпаролот на Бан Ки Мун соопшти дека генералниот секретар на ОН е згрозен од нападот врз мировниците, при кој седум луѓе загинаа а 17 се ранети. Тој додаде дека ова е еден од најкрвавите напади врз африканската мисија на ОН во Дарфур. Конфликтот во тој регион започна во 2003 година кога неколку африкански племиња започнаа бунт против арапската влада предводена од Судан поради дискриминација и злоупотреба на земјиштето и ресурсите.
XS
SM
MD
LG