Достапни линкови

logo-print

Сноуден има моќни необјавени информации, штетни за САД


Новинарот од „Гардијан“ Глен Гринволд кој што го интервјуираше Едвард Сноуден изјави дека Сноуден има инфоамции кои што се уште можат да и предизвикаат „страшни кошмари “ на САД доколку се објават.
„Сноуден има доволно информации да предизвика за една минута толку голема штета на американската влада, што ниту еден друг човек до сега не ја предизвикал “ вели Гринволд во интервју за аргентински весник. Тој додава дека Сноуден одлучил да не објави дел од информациите кои може да му наштетат на Вашингтон. Сноуден изминативе три недели ги помина во московскиот аеродром. САД бара негово екстрадирање поради обвивението за шпионажа.
XS
SM
MD
LG