Достапни линкови

Уапсени 60 осомничени за меѓународна трговија со дрога во Италија


Италијанската полиција во пристанишниот град Бари, вчера разби албанска кримнална организација, која се занимавала со меѓународна трговија со дрога, јавува новинската агенија МИА. Во акцијата уапсени се најмалку 12 Албанци, а запленти се и 17 килограми хероин и 2,5 килограми кокаин. Истата група се товари и шверц на околу три тони марихуана, запленета од страна на италијанската полиција а прошверцувана од Албанија во последните неколку месеци. Еден ден претходно италијанската полиција разби друга нарко организација и уапси педесетина нејзини членови, главно Албанци. Според албанските медиуми двете криминални организации кои биле активни во шест региони во северниот дел на Италија, инвестирале во приватен сектор на недвижнини во Албанија и во Италија.
XS
SM
MD
LG