Достапни линкови

logo-print

„ Генерал Мими“ заработувала ветувајќи вработувања во НАТО


Полицијата ја уапси „Генерал Мими“, 34 годишна жена од Скопје, која лажно претставувајќи се како шефица во базата Бондстил успеала да измами повеќе македонски државјани ветувајќи им вработувања во НАТО и големи бизниси со преставништвата на Алијансата во регионот. Полицијата најави дека подоцна ќе излезе со детали за случајот.
Генерал Мими успела да измами голем број на граѓани на кои им ветувала вработувања, големи плати и бизниси, а од нив барала илјадници евра како награда.
Измамените граѓани дури оделе да се облечат во скапи бутици за да изгледаат добро на бизнис средбите кои никогаш не се случиле. Откако ќе ги земела парите 34 годишната изманичка исчезнувала.
XS
SM
MD
LG