Достапни линкови

Нови судири на протестите во Истанбул


Турската полиција синоќа употреби водени топови за да ги растере демонстрантите кио се обидоа да влезат во паркот Гези и плоштадот Таксим.
Конкретен повод за синоќешните протести беа измените на законот, усвоени во средата во Парламентот, според кои беше одземено правото на Сојузот на коморите на турските инженери и архитекти да одобруваат градежни проекти. Според критичарите, мерката е обид да биде „казнето“ здружението, чии членови се спротивставија на плановите за реконструкција на паркот Гези.
Демонстрации против планирањето на реконструкција на паркот Гези, што започнаа на крајот на мај, прераснаа во масовни протести во јуни во цела Турција против владејачката происламистичка партија Партија на слободата и напредокот на премиерот Реџеп Таип Ердоган.
XS
SM
MD
LG